Sidemount Cave

Пештерско Нуркање

Нуркачите лебдат како да не се во вода, како да летаат помеѓу прекрасните карпести форми и галерии што се простираат низ пештерата. Чудесни форми, посебен и неистражен екосистем, но и некој историско значаен предмет или остаток.

Пештерското нуркање е еден од најризичните екстремни спортови и бара дисциплина, како лична така и меѓу сите членови на тимот. Секој кој сака да нурка и да истражува пештери, предходно треба да има значително искуство со рекреативно нуркање, а потоа правилна обука за пештерско нуркање, кое спаѓа под техничко нуркање. Дисциплината, планирањето, следењето на планот, тимската работа, имплементирање на правилата, не се предлози за успешно нуркање, туку се протоколи и процедури кои мора да се запазат, и без кои пештерското нуркање станува ризик по сопствениот живот, како и животот на останатите членови на тимот.

img_1102-copyTDI овозможува неколку обуки за пештерско нуркање, како што се TDI Intro to Cave и TDI Full Cave Diver. Минимум услов за некој да почне пештерско нуркање е предходно да има ниво на обука за Cavern Diver, минимум задолжителни дваесет и пет заведени нуркања и наша препорака од минимум сто нуркања за нуркачот да има стекнато доволно искуство со нуркачката опрема, подводната средина, проблемите, како и решенијата кои може да настанат при нуркање.

Целата работа и труд на крај, сепак се исплатува, кога ќе ги земете во предвид добивките, како што се прекрасните призори и природни околини кои што се единствени и не може да се видат никаде освен во подводните пештери, како и чудесните форми кои што природата ги создавала илјадници години, и секако ретките историски остатоци кои што биле заштитени од водената средина и се и денес совршено зачувани.

Во светот постојат многу прекрасни подводни пештери, како што се пештерите во Флорида или “Cenotes” во Мексико. Меѓутоа и во Македонија има една од најубавите пештери, а тоа е Матка Врело, која е истражена до -212м длабочина, со огромни пространи галерии, бескрајна видливост и секако предизвик да се истражува и понатаму.
Photo Credit: Daniel Atanasovski, AKVATEK

Donning

Donning Fins Correctly

You would think that donning fins would be among the simplest of scuba skills, but they are easy to forget. Follow these steps to make it easier to remember.

0 replies

Leave a Reply

Want to join the discussion?
Feel free to contribute!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*