Пештерско Нуркање
Нуркачите лебдат како да не се во вода, како да летаат помеѓу прекрасните карпести форми и галерии што се простираат низ пештерата. Чудесни форми, посебен и неистражен екосистем, но и некој историско значаен предмет или остаток.
Пештерското нуркање е еден од најризичните екстремни спортови и бара дисциплина, како лична така и меѓу сите членови на тимот. Секој кој сака да нурка и да истражува пештери, предходно треба да има значително искуство со рекреативно нуркање, а потоа правилна обука за пештерско нуркање, кое спаѓа под техничко нуркање. Дисциплината, планирањето, следењето на планот, тимската работа, имплементирање на правилата, не се предлози за успешно нуркање, туку се протоколи и процедури кои мора да се запазат, и без кои пештерското нуркање станува ризик по сопствениот живот, како и животот на останатите членови на тимот.
TDI овозможува неколку обуки за пештерско нуркање, како што се TDI Intro to Cave и TDI Full Cave Diver. Минимум услов за некој да почне пештерско нуркање е предходно да има ниво на обука за Cavern Diver, минимум задолжителни дваесет и пет заведени нуркања и наша препорака од минимум сто нуркања за нуркачот да има стекнато доволно искуство со нуркачката опрема, подводната средина, проблемите, како и решенијата кои може да настанат при нуркање.
Целата работа и труд на крај, сепак се исплатува, кога ќе ги земете во предвид добивките, како што се прекрасните призори и природни околини кои што се единствени и не може да се видат никаде освен во подводните пештери, како и чудесните форми кои што природата ги создавала илјадници години, и секако ретките историски остатоци кои што биле заштитени од водената средина и се и денес совршено зачувани.
Во светот постојат многу прекрасни подводни пештери, како што се пештерите во Флорида или “Cenotes” во Мексико. Меѓутоа и во Македонија има една од најубавите пештери, а тоа е Матка Врело, која е истражена до -212м длабочина, со огромни пространи галерии, бескрајна видливост и секако предизвик да се истражува и понатаму.
Photo Credit: Daniel Atanasovski, AKVATEK
Deixe uma resposta
Want to join the discussion?Feel free to contribute!